Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИНИСТЕРСКИ ИМОТ: Акции, уметнички слики, автомобили!

МИНИСТЕРСКИ ИМОТ: Акции, уметнички слики, автомобили!

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, има имот вреден близу 290 илјади евра. Има и кредит од 10 илјади евра. Пријавил куќа на свое име но и на име на родителите, земјиште и шума, машини и друга опрема. Во неговиот анкетен лист има Пежо и Шкода Фабија. А неговите уметнички и колекционерски слики вредат околу 4 илјади евра.

Заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, пак има имот вреден 216 илјади евра. Од личен имот има само две моторни возила Опел, и хонорар од 500 евра, останатиот имот е на неговите родители, како што се куќа, двор и земјоделско земјиште. Неговиот брат има плата од 24.400 денари, додека едниот од родителите прима пензија од 22.000 денари.

Министерот без ресор Рамиз Мерко пријавил имот од близу 690 илјади евра, но и дополнителни приходи од кирии за стан и земјоделско земјиште кои месечно изнесуваат 2.100 евра.

Сепак, Мерко не кажал колку пари поседува на сметките како депозити, туку само навел дека состојбата е „менлива“, а за начинот како се стекнати е неведено “ стекнување на друг начин“.

Мерко поседува деловен простор, куќа , шума и земјоделско земјиште во Струга, но и стан во Албанија од 106 квадратни метри. Дел од неговиот вкупно пресметан имот се побарувања кои има дадено по основ на заем и тој и неговата сопруга.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски има имот што вреди 118 илјади евра. Тевдовски поседува стан од 67 метри квадратни во Скопје и гаража од 7 метри квадратни. Од лани вози Тојота Рав 4, а неговата сопруга има 20.500 евра во банка.

Имотот на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вреди 160 илјади евра. Нема недвижен имот на нејзино име. Но заедно со родителите има долгови за кредити и кредитни картички од 51 илјада евра. Родителите поседуваат и акции, но нивната вредност не е наведена.  

С.Н.

Слично

Поврзани вести