Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерот за одбрана очекува покана за НАТО во септември

Министерот за одбрана очекува покана за НАТО во септември
На самитот на НАТО во септември во Велика Британија, Македонија конечно да добие покана за членство, очекува министерот за одбрана Талат Џафери. Тој денеска се приклучи на одбележувањето на 4-ти Април - Денот на Северноатлантската алијанса и истакна дека армијата продолжува со реформите и учеството во мировните мисии. „Досега успешно завршивме 14 циклуси, додека моментално го завршуваме и 15-ттиот циклус на Акциониот план за членство. Република Македонија може да го постигне членството во НАТО преку континуирани реформи“, вели Џафери. На самитот во 2008 година во Букурешт Македонија не доби покана за членство во НАТО заради нерешениот спор околу името со Грција. Ова прашање до денес сеуште не е мрднато од „мртва точка“. „Бидејќи сме блиску и влегуваме во изборната кампања, ние како Евротлантски совет имаме порака да се одржат демократски избори и да се сфати дека главната порака на Евроатлантскиот совет е оти овие избори, кандидатите за претседател, но и политичките партии, во нивната агенда како приоритет да го имаат членството на Македонија во НАТО“, рече Исмет Рамадани, претседател на Евро- Атлантскиот Совет.
Слично

Поврзани вести