Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерот за образование добил диплома по осум години студии во Тирана

Министерот за образование добил диплома по осум години студии во Тирана
Деканот на Факултетот за механичко инженерство на Политехничкиот универзитет во Тирана Андонач Лондо се огласи во одбрана на македонскиот министер за образование Абдилаќим Адеми. Според Лондо, податоците од регистерот на дипломи на овој универзитет покажуваат дека Адеми започнал со студиите на овој факултет во 1988 година, а дипломирал во јуни 1996 година. Со ова тој ги демантира наводите на албанскиот аналитичар Кастриот Мифтарај дека ја купил дипломата од Тирана. Адеми, пак, самиот откри дека најпрвин студирал на Факултетот за рударство и металургија во Косовска Митровица, каде ги завршил првите две години од студиите, а потоа продолжил во Тирана, каде преостанатите две години ги студирал од 1988 до 1996 година.
Слично

Поврзани вести