Министерот за економија е против контроли на УЈП?
Министерот за економија Беким Незири изрази отворено несогласување со вчерашните контроли на УЈП со полициска асистенција во локали во Сарај, Чаир, Тетово и Куманово, при што беа затворени десетици објекти заради непочитување на законските прописи.
Тој вели дека на следната владина седница ќе бара одговорност од оние што ја организирале акцијата.
„Министерството за економија, но и јас како министер, сме категорично против овие акции и лично на следната седница на Владата ќе побарам одговорност од тие кои ја организирале оваа акција со образложение дека тие што имаат дуќани во Старата чаршија, долги години работат во развивање на нивните бизнис, и ако за Република Македонија Чаршијата е главна атракција ние како влада и министерство не смееме со големи полициски сили да правиме акции за фискални сметки. Се разбира дека во согласност законот на места каде УЈП, но и пазарната инспекција ќе наиде на отпор од сопствениците, тогаш во такви случаи се информира полицијата и тие треба да дојдат и да преземат таква акција. Но, без најави, во овој случај во неколку дуќани што ги посетив во ниту еден случај немало отпор и со самиот факт што овој дуќан денеска е затворен докажува дека тука немало отпор“, вели Незири за Алсат - М.
Десетици угостителски објекти во старата скопска Чаршија и Чаирчанка се затворени поради непочитување на законот за забрана на пушењето во јавни објекти, немање на фискални апарати и други пропусти при работењето.
Слично
