Министерот вели дека не е алармантно, иако во Србија има 5.000 ученици заразени со коронавирусот
Во Србија со коронавирусот се инфицирани околу 5.000 ученици.
Српскиот министер за образование, наука и технолошки развој, Бранко Ружиќ ја соопшти оваа бројка. Но, тој додава дека оваа бројка не е алармантна.
„Вирусот влегува во образовниот систем однадвор, а не обратно, а тоа се гледа по бројките“, додаде Ружиќ.
Засега не се знае дали ќе преминат на онлајн настава. Министерот рече дека овој синџир на трансмисија не се случува во образовниот систем, туку се случува кај општата популација надвор од училиштата.
Во Србија бројот на заразени не се намалува, а на респиратор се приклучени и бебиња.
Дневно имаат од 6.000 до 8.000 заразени со коронавирусот. Од 23 месецов, во земјата се користат ковид пропусниците. Властите повикуваат на помасовна имунизација.
