Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерот Тодоров не ги обвини студентите за Сталинизам, туку оние кои платиле за бината, озвучувањето, автобусите

Министерот Тодоров не ги обвини студентите за Сталинизам, туку оние кои платиле за бината, озвучувањето, автобусите
Во врска со тенденциозните наводи изнесени во веста со наслов: „Тодоров ги обвини студентите за Сталинизам, тие порачаа: Почнува Нова Македонија!“, а особено невистинитата констатација во насловот, Министерот за здравство испрати реакција во која се појаснува следното: „Министерот Тодоров во ниту еден момент не ги обвини студентите за Сталинизам. Министерот Тодоров се осврна на оние кои ја обезбедиле и платиле бината поставена на вчерашниот протест, оние кои го платиле озвучувањето и ги платиле автобусите за протестот. Тие се сталинисти, не студентите. Оние кои упорно се обидуваат со анахрона иконографија и со ретроградна реторика, да нè вратат во минатото, во времето кога студентите беа жртва на нивните кодоши и доушничиња, да нè вратат во времето за кое еве денес гледаме дека било стандард да има професори кои напредувале кодошејќи ги сопствените студенти и колеги. За нив зборуваше министерот Тодоров“, се вели во реакцијата.
Слично

Поврзани вести