Министерот Ставрески поднесе оставка
Министерот за финасии Зоран Ставрески поднесе оставка.
Здравствени причини се образложение за оставката на потпретседателот на Владата на РМ кој на функцијата министер за финансии дојде во 2009 година.
– Здравствените проблеми со кои се соочувам и советите на лекарите упатуваат на тоа дека постои неопходност од подолго лекување и опоравување, заради што јас нема да сум во можност да ја обавувам функцијата министер за финансии и потпретседател на владата на Република Македонија”, истакнува Зоран Ставрески, во оставката.Владата искажала голема благодарност за вицепремиерот Ставрески за неговата работа и ангажман и му посакала „добро здравје и надминување на предизвиците со кои се соочува“.
Слично
