Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерот Спасов готвеше по рецепт на Џејми Оливер

Министерот Спасов готвеше по рецепт на Џејми Оливер
Министерот за труд и социјала Диме Спасов се проба во готвење по рецепт на познатиот британски готвач Џејми Оливер. На Денот на револуција во исхраната тој им се приклучи на децата од градинката „Срничка“ во Аеродром во приготвувањето на здрава храна. „Како Министерство за труд и социјална политика со задоволство се вклучивме во организацијата за одбележување на овој ден кој што се одбележува во повеќе од 70 земји во 660 градови ширум светот. Целта на манифестацијата е да се истакне важноста на здрава исхрана за правилен раст и развој на дечињата уште од најмала возраст", вели Спасов. Децата од градинката заедно со министерот имаа можност да подготват еден од рецептите на Џејми Оливер наречен „Виножито" кој се состои од овошје и зеленчук, а преку подготовката се запознаваа и со хранливите состојки на продукти кои беа употребени во здравата салата. ФОТО: МИА
Слично

Поврзани вести