Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерот контра опозицијата: Екстерното тестирање е успешен проект!

Министерот контра опозицијата: Екстерното тестирање е успешен проект!
Екстерното тестирање се спроведува успешно, без пријавени технички или организациски проблеми, оцени министерот за образование и наука Спиро Ристовски. „Првиот, од вкупно два предметa, денеска го полагаат 77.000 ученици во сите 680 основни и средни училишта. Предност им е дадена на осмоодделенците поради роковите за упис во средните училишта“, изјави Ристовски. Според податоците пристигнати до Државниот испитен центар, тестирањето успешно започнало во сите училишта, освен во подрачното училиште „Михајло Граменов“ во село Малино, општина Чучер - Сандево каде тестирањето е одложено за утре поради прекин во снабдување со електрична енергија. Во две училишта имало доцнење со почетокот на тестирањето затоа што немало интернет. „Може да констатираме дека екстерното тестирање се спроведува и реализира успешно. Генерален впечаток е дека сите ученици во процесот сериозно ја сфаќаат својата обврска за придонес кон неговото непречено и квалитетно спроведување. Наша основна цел е никој да не биде оштетен и затоа во целост секојдневно во наредните неколку дена на дневна основа ќе имаме координација и следење на текот на екстерното тестирање“, вели Ристовски. Наспроти ова тврдење од министерот, опозицискиот СДСМ денеска остро го критикуваше екстерното тестирање и побара укинување на овој проект. Доколку имаат забелешки на резултатите од екстерното тестирање родителите и старателите или самите ученици може во рок од три дена да поднесат приговор до Државниот испитен центар.  
Слично

Поврзани вести