Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерот го оцени екстерното со 5-ка

Министерот го оцени екстерното со 5-ка
Екстерното тестирање во сите 96 средни училишта во Македонија се спроведе непречено и не се пријавени технички проблеми, оцени министерот за образование и наука Спиро Ристовски, кој е задоволен од текот на денешниот прв испит за матурантите. Полагаа приближно 20.000 матуранти од трета или четврта завршна година средно образование, а се оценуваше работата на 2.900 наставници  по вкупно 1.524 предмети од гимназиско, стручно и уметничко образование. Ристовски вели дека реализацијата на целиот проект за екстерното тестирање е подобрена, па затоа и имало помалку проблеми од лани. „Лично сметам дека ваквиот начин на екстерно тестирање и целиот овој сиситемски пристап на Министерството за образование, Државниот испитен центар, со исклучителна улога на училиштата и директорите, но пред се на учениците, родителите и целокупната јавност со можноста да го коментираат и оценуаваат квалитетот на прашањата, придонесоа да се подобри квалитетот и содржината, така што на крај бенефит од целиот овој процес ќе имаат учениците, наставниците и целиот образовен систем во Република Македонија“, рече Ристовски. Според евиденцијата на Министерството, освен некои поситни технички проблеми во две училишта во кои тестирањето доцнело затоа што немало интернет, екстерното тестирање поминало беспрекорно. Вториот предмет од екстерното тестирање матурантите ќе го полагаат в петок. Без оценка од екстерно тестирање тие нема да добијат свидетелство на крајот на учебната година. Оние, пак, кои оправдано отсуствуваат, ќе бидат тестирани дополнително. Тестирањето на матурантите се спроведува сега, затоа што на крајот на учебната година тие ќе полагаат уште еден испит – државната матура. Учениците од трето одделение до трета година средно, екстерно ќе бидат  тестирани на крајот на учебната година.  
Слично

Поврзани вести