Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерот ги убедува студентите дека екстерното тестирање е корисен проект

Министерот ги убедува студентите дека екстерното тестирање е корисен проект
Министерот за образование Абдилаќим Адеми и неговиот заменик Спиро Ристовски се сретнале со претставници на студентските парламенти од државните универзитети во Македонија, а главна точка на разговорите било планираното воведување на екстерни тестови за студентите. Адеми истакнал дека оваа идеја се уште е во фаза на анализирање и јавна дебата, но потенцирал дека се работи за иницијатива базирана на искуства од европските земји, чијашто главна цел е подобрување на квалитетот на високото образование. Како што соопштуваат од ресорното Министерство, заеднички став на првите луѓе на студентските организации бил дека „поддржуваат дебата и активно вклучување на сите засегнати страни во реализирање на идејата за државен испит, а особено на академската заедница, со единствена цел, тоа да биде во корист на студентите“. Идејата за воведување државен испит во високото образование наиде на отпор кај студентите, но и кај дел од професорите, кои сметаат дека на овој начин се урива автономијата на универзитетот и кредибилитетот на нивното оценување.
Слично

Поврзани вести