Министерот ги искара градоначалниците: Граѓаните „немаат поим“ каде се трошат парите на општините
Општина Шуто Оризари е најнетранспарентна општина, додека Велес, Крушево и Охрид може да се пофалат со најголема транспарентност.
Ова станува јасно од зборовите на министерот за локална самоупорава кој информираше дека граѓаните на многу општини не знаат каде одат парите, притоа предупредувајќи ги општинските татковци дека за лукусизирањето и неодговорноста ќе сносат одговорност а ќе им пресудат самите граѓани.
Има општини како Липково кои не знаат ниту што е веб страна а Арачиново се вброи во најнеактивните општини и во однос на социјални мрежи.
Министерот Фазлиу кажа дека државата нема механизам за контрола на општините па им порача на градоначалниците да бидат потранспарентни кон своите граѓани.
Фазлиу се осврна и на луксузирањето кое во јавноста е се подискутабилно а се однесува на трошење општински пари во време кога долговите се на високо ниво.
Последен таков случај е градоначалникот на Струга Рамиз Мерко кој го поднови возниот парк на општината која има долг од над 4 милиони евра.
