Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерот Адеми со студентите ќе оствари средба кога ќе се донесе конкретен предлог

Министерот Адеми со студентите ќе оствари средба кога ќе се донесе конкретен предлог

Вчера Студентскиот пленум поднесе барање  за средба  до Министерот Адеми во кое барање ја поздравија јавно изречената покана за средба на министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми за да разговараат  за оправданоста на спроведувањето на предложената реформа во облик на екстерно тестирање во рамки на високото образование.

Од МОН пак велат дека средба ќе остварат кога ќе се  донесе конкретниот предлог за надворешното оценување, објави „24 Вести“.

- Во следниот период МОН по добивање на зелено светло од владата, ќе биде доставен првиот предлог нацрт-текст на овие закони за да ние добиеме како ресорно министерство зелено светло за сите тие закони. Тие ќе одат на една комплексна и комплетна јавна расправа, во која ќе бидат вклучени сите заинтересирани страни и конечно финалниот текст на законот ќе биде подготвен по таа расправа, изјави за медиумите  Спиро Ристовски, заменик министер за образование и наука.

Слично

Поврзани вести