Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерка за правда на Бугарија си поднесе оставка откако Антикорупциска ја „улови“

Министерка за правда на Бугарија си поднесе оставка откако Антикорупциска ја „улови“

Цецка Цачева поднесе оставка како министер за правда на Бугарија, а тоа му го потврди на премиерот Бојко Бориосв. Антикорупцискиот фон откри дека таа и уште двајца членови на владеачката партија ГЕРБ - заменик-претседателот на партијата и претседател на парламентарната група Цветан Цветанов и пратеникот Вежди Рашидов, купиле станови по евтини цени во населбата Исток во Софија од страна на компанијата Артекс Инженеринг. Засега не се знае што и понудиле тие на оваа компанија за таа да им ги продаде толку евтино.

Борисов од Брисел најави дека "одлуките во партија ќе бидат тешки" и дека прво ќе го почека извештајот од Антикорупцискиот фонд и од обвинителството.

Во петокот Цачева изјави во парламентот дека побарала од антикорупциската комисија и јавниот обвинител да го проверат договорот за купениот стан.

Цецка Цачева и нејзината сестра Ирина платиле само по 660 евра по квадратен метар. за двете локации или најмалку два пати под пазарни цени.


Слично

Поврзани вести