Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министер за правда во Србија: За убиецот на Тијана 30-40 години затвор е доволно строга казна

Министер за правда во Србија: За убиецот на Тијана 30-40 години затвор е доволно строга казна

За монструозното убиство на Тијана Јуриќ (15) на убиецот му претстои казна затвор од 30 до 40 години, бидејќи во Србија и во другите европски земји е укината смртната казна, изјавил министерот за правда Никола Селаковиќ, пишуваат српските медиуми.

 Министерот за правда рекол дека казнената политика за тешки убиства е доволно строга и потсетил дека смртната казна во Европа ја има само во Белорусија.

-Некогаш за ваквите кривични дела се изрекувала смртна казна, но како и сите европски земји моравме да ја избришаме од нашиот кривичен законик. Ние како член на Советот на Европа мора да ја поочитуваме Европската повелба која забранува смртна казна - рекол Селаковиќ.

„За да се влезе во Советот на Европа, треба да се ратификува Европкста повелба, а таа ја забранува смртната казна“, изјави тој.

Понатамошниот тек на постапката во врска со ова киднапирање и убиство на девојчето од Бајмок, според зборовите на српскиот министер е во рацете на обвинителството и судот.

 Имено на социјалната мрежа Фејсбук граѓани покренаа петиција за враќање на смртната казна во Србија.

Страницата „Smrtna kazna za ubicu Tijane Jurić“, за десет часа собра повеќе од 50.000 фанови.

- Страницата е основана со цел да стигне до што поголем број луѓе. Срамота е како овој млад живот е одземен а уште поголема срамота е казната која ќе ја добие монструмот. Целта е да се воведе построги казни за извршените дела врз малолетници. На таквите убијци  не треба никогаш повеќе да им се дозволи да шетаат на исти улици со нашите деца - изјавил за српски медиуми администраторот на оваа страница.

Ова не е единствената страница на социјалната мрежа Фејсбук која го поддржува ваквиот став. Страницата „100.000 луѓе кои сакаат смртна казна за убиецот на Тијана Јуриќ“ досега собрала повеќе од 20.000 истомисленици.

 
Слично

Поврзани вести