Министер се пофали: Повеќе од 17.000 луѓе лани се вратиле во Хрватска
Минатата година беше рекордна година за враќање на Хрватите кои се иселиле од странство.
Како што откри во среда министерот за демографија и имиграција Иван Шипиќ, минатата година се случи првото зголемување на бројот на новороденчиња, но и значаен чекор напред во враќањето на иселените.
„Според првите неофицијални податоци, регистрирани се повеќе од 17.000 враќања, а точните официјални податоци ќе бидат познати во март“, откри денеска министерот.
Според истото министерство, околу 3,2 милиони Хрвати или нивните потомци живеат во странство, а се проценува дека еден милион од нив имаат хрватско државјанство.
Во Северна Америка има околу 1,5 милиони, во Јужна Америка над 600.000, во Австралија 250.000, во Нов Зеланд 100.000. Во Германија има околу 500.000 Хрвати, по што следат земји како Австрија.
Според податоците од Хрватската лекарска комора, за прв пат откако Хрватска се приклучи на ЕУ во јули 2013 година, повеќе лекари се вратиле од странство отколку што заминале, пренесува Даница.хр.
Хрватската лекарска комора открива дека досега околу 1.600 лекари заминале на работа во странство, а до почетокот на јануари оваа година се вратиле 440. Од 1 јануари до 17 февруари годинава, четворица лекари се вратиле, а тројца си заминале.
foto Wikipedia/Nick Savchenko
