Економија, финансии, бизнис

Контакт

Миниран договорот од Пржино?

Миниран договорот од Пржино?
Опозициската СДСМ ги напушти преговорите за дополнително да се консултираат во партијата, по преполовениот избор на тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева од Советот на обвинители. Иако, вчера попладне беше соопштено дека е постигнат договор околу изборната регулатива. ВМРО -ДПМНЕ не сака да ги коментира одлуките на Советот на јавни обвинители, но смета дека СДСМ секогаш ги напушта преговорите кога се наѕира договор. Политичките аналитичари не се изненадени од ваквиот расплет на настаните, особено по вчерашниот маневар на советот на јавните обвинители. Како да лебдеше во воздух кога ќе се случи „политички инцидент“, кој предизивика сериозен потрес на сред преговори. Некои од аналитичарите толкуваат дека целокупниот однос изминативе неколку денови на работната група на ВМРО ДПМНЕ особено во делот за постигнување договор околу изборната регулатива, е всушност смислена стратегија на партијата на власта, заедно со одлуката на советот на обвинители, каде вчера главен збор имаше јавниот обвинител Марко Зврлевски. Власта парктично очекуваше ваква реакција од социјалдемократите (напуштање на преговорите), за потоа веднаш да ја обвини СДСМ таа е главниот кочничар.  На оваа реакција на владеачката партија веднаш се налепија неколку аналитичари, блиски токму до ВМРО ДПМНЕ. СДСМ денес ќе одлучува како понатаму СДСМ ја демантира изјавата на европскиот посредник во преговорите меѓу партиските работни групи, Питер Ванхауте, кој вчера попладне рече дека е постигнат договор за Изборниот законик. Од партијата велат дека договор не е постигнат и дека во текот на денешниот ден, кога лидерот на партијата Зоран Заев ќе се врати од Израел, ќе се планираат наредните чекори. САД загрижени од одлуката на советот на јавни обвинители Со реакција за одлуката на Советот на јавни обвинители да одобри само седум од 14 кандидати за помошници - обвинители излезе и Американската амбасада во Македонија. Од амбасадата велат дека се загрижени поради одлуката на Советот. „Загрижени сме поради одлуката на Советот на јавни обвинители и ја разгледуваме ситуацијата“, пишува во реакцијата на Американската мабасада. Ван Хауте: Тажно е што некои луѓе мислат дека можат да ги изиграат сопствените закони „Со одлуката на советот на обвинители е прекршен законот за специјално јавно обвинителство кој партиите претходно го договорија. Договорот и законот предвидуваат таа да ги добие сите ресурси, финансии и персонал кои ќе ги побара и ќе треба да претстави само план. Очигледно овој принцип не е испочитуван и затоа некои од партиите решија да ги напуштат преговорите. Мислам дека сите треба да ги почитуваат постигнатите закони, ова беше договорено во работните групи, ова беше регулирано со законот договорен од четирите партии. Многу е тажно што некои луѓе мислат дека можат да ја изиграат сопствената легислатива“, изјави Ванхауте откако СДСМ ги прекина преговорите. Тој очекува притисок од меѓународната заедница, но и од домашната јавност по одлуката на Советот за јавни обвинители. Очекуван епилог, особено по најавата на специјалната обвинителка за подигање обвиненија до 15 декември По привичната позитивна реакција за изборот на специјалната обвинителка Катица Јанева од страна на ВМРО ДПМНЕ, следуваше канонадата од реакции полни со навреди кон Јанева, особено луѓето блиски до власта, откако таа најави дека по изборот на нејзините помошници, од 15 декември може да се очекуваат првите обвиненија. Токму програмата на јанева, според некои од домашните аналитичари предизвикале гнев кај партијата на власт. Ова што вчера се случи на советот на обвинители не е ништо друго, освен очекувани опструкции од институциите на системот, кои се под контрола на власта, коментираат аналитичари. Советот на обвинители денес одново ќе гласа за тимот на Јанева? Ако денес има гласање, тогаш сите 11 членови ќе гласаат за сите обвинители. Тоа ќе биде така оти ако има повторено гласање значи однапред се ќе биде договорено, пишува Фокус. На седницата на Советот на јавни обвинители имало предлог да се гласа за листата обвинители предложена од Катица Јанева. Но единствено тројца од вкупниот број членови гласале за таквиот предлог. Доколку се одеше на таков начин тогаш извесно е дека сите 14 обвинители, кои ги предложи специјалната обвинителка, ќе беа избрани. Тоа ќе значеше почитување на Законот за специјално обвинителство и продолжување на политичките преговори на партиите кои по завршување на преговорите за Изборниот законик беа прекинати, односно СДСМ се повлече. Доколку се избереа сите обвинители на Јанева опозицијата немаше да ги напушти преговорите, а со оглед дека пакетот за изборите бил затворен ќе можеше наредните денови да се дискутира за законите за пријавувачите и за ограничување на употребата на прислушуваните снимки, но и за кадровските решенија за внатрешни работи и за труд и социјала каде треба да се изберат министри од СДСМ. Сега ситуацијата е некако на почеток и се ќе зависи од денешната одлука на опозицијата како ќе настапува во иднина, но и од притисокот на странците, пишува Фокус. И.М.
Слично

Поврзани вести