Економија, финансии, бизнис

Контакт

Минималната потрошувачка корпа во Црна Гора изнесува 802 евра

Минималната потрошувачка корпа во Црна Гора изнесува 802 евра

Вредноста на минималната потрошувачка кошничка во Црна Гора во март изнесувала 802,2 евра, соопшти денеска Заводот за статистика Монстат.

За храна и безалкохолни пијалоци потребни се 254,3 евра, за непрехранбени производи и услуги 352,9 и за наемнина 195 евра.

Вредноста на минималната потрошувачка кошничка во март 2013 година во однос на истиот месец минатата година е зголемена за два отсто.

Според податоците на Монстат просечната плата во Црна Гора без данок и придонеси во февруари изнесувала 485 евра.

Слично

Поврзани вести