Економија, финансии, бизнис

Контакт

Минималната плата е историски успех, смета првиот синдикалец

Минималната плата е историски успех, смета првиот синдикалец
Воведувањето на минималната плата во Македонија претставува историски успех, вели претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) Живко Митревски, во интервју за Радио Слободна Европа. Иако не е висока, сепак минималната плата се зголемува побрзо отколку што растат тршоците за живот, вели првиот синдикалец. „Историски успех е самиот факт што се донесе законот. Тоа е основата од која што тргнуваме. Историски успех е што во старт платата беше зголемена за скоро 100 отсто. Значи, пред донесувањето на Законот за минимална плата, најмалите плати беа од 4.500-5.500 денари. Сегашната плата на почетокот беше утврдена на 8.050, сега ќе биде некаде околу 8.800 денари, идната година ќе биде 9.560, таа по неа ќе биде 10.080 денари. Околу 65 илјади работници во Република Македонија пред донесувањето на овој закон примаа плата до 4.500 денари. Ние не велиме дека е премногу висока, но ако направиме споредба во однос на претходно кога воопшто немаше ништо во делот на оваа регулатива, во секој случај има огромен напредок“, вели Митревски. На прашањето дали може да се преживее со минимална плата, Митревски одговара: „Ние не зборуваме дали може да се преживее или не може, ние зборуваме за утврдување на минимум егзистенција. Значи, не можеме да ја поврзуваме минималната плата со основа за реализација на еден нормален живот на четиричлено семејство. Затоа ние имавме параметри преку кои ја утврдувавме висината на потрошувачката кошничка, нашата идеја е постојано да се унапредува тој систем на зголемување на плати во Република Македонија, ние ја афирмиравме идејата дека зголемувањето на платите во Република Македонија треба да оди во чекор со зголемување на трошоците за живот. Ако ги направиме и параметрите дека платата од март ја зголемивме за 9,32 отсто, а трошоците за живот претходната година беа зголемени за 3,3 до 4 отсто, значи одиме во една насока на зголемување на платите. Платите се ниски во Република Македонија, тоа е апсолутно точно, меѓутоа ако почнете од една скоро нула па доаѓате до едни вакви позиции, сигурно дека периодот кој доаѓа ќе предизвикува зголемување на платите и подобрување на стандардот на работниците“. Според податоците на синдикатот, меѓу 40 и 45% од работодавачите исплатиле К-15 (регрес за годишен одмор) досега, а до крајот на годината тоа треба да го направат останатите. Митревски истакнува дека со законските измени има „драстично подобрување на правата на работниците во Македонија“. Целото интервју прочитајте го ТУКА.
Слично

Поврзани вести