Економија, финансии, бизнис

Контакт

Mинималната кошничка „тежи“ се повеќе

Mинималната кошничка „тежи“ се повеќе

Mинималната кошничка „тежи“ се повеќе. Синдикалната минимална кошничка во декември e повисока за 150 денари во однос на ноември. Најмногу пари се трошат за храна и сметки. 

Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија, кој секој месец ја објавува вредноста на минималната синдикална кошничка, и овој пат има пораст.

За храна и пијалоци, биле потребни минимум 15.091 денар, а за режиски трошоци 10.930 денари. За превоз, минималните трошоци биле 2.633 денари, а за хигиена 2.397 денари. 

Синдикалната минимална кошница во октомври е зголемена за 200 денари во однос на септември. Според податоците на ССМ, вредноста на синдикалната кошничка во октомври изнесувала 34.584 денари.

Статистика објави дека трошоците за живот пораснале. Имаме поскапа храна, пијалоци, транспорт. 

За споредба, просечната нето плата во октомври била 29.145 денари. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести