Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ТРЕБА ДА ИЗНЕСУВА 600-700 ЕВРА: Трендафилов вели има расположение, но можни се и протести

МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ТРЕБА ДА ИЗНЕСУВА 600-700 ЕВРА: Трендафилов вели има расположение, но можни се и протести

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, во гостувањето во телевизиска емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 порача дека дебатата за минимална плата од 500 евра е веќе надмината и дека треба да се отвори сериозна дискусија за износ од 600 до 700 евра.

- Се бориме за зголемување на минималната плата и гледам дека постои одредено расположение за тоа. Како ССМ ова го правиме од почетокот на годината и сме подготвени и на протести и штрајкови. Во изминатиов период сакавме аргументирано да обезбедиме релевантни податоци, бидејќи бевме обвинувани изјави Трендафилов.


Тој додаде дека анализите со кои располага ССМ се во корист на работниците, но, како што нагласи, истовремено се и фрапантни и укажуваат на потребата од итно подобрување на примањата.

Трендафилов нагласува дека работниците веќе јсе изјасниле, дури 99,5 отсто од испитаниците во анкетата на ССМ се подготвени уште од јануари да поддржат протести и штрајкови.

Фото: Архива

Слично

Поврзани вести