Економија, финансии, бизнис

Контакт

Минимална плата од 12.000 денари – вети Шеќеринска

Минимална плата од 12.000 денари – вети Шеќеринска

Зголемување на минималната плата во Македонија веднаш на 12.000 денари за сите сектори во економијата, најави денеска во Велес, заменик претседателка на СДСМ, Радмила Шеќеринска.

Вели дека на тој начин останатите плати ќе забележат сличен пораст.

„Дополнително сметаме дека со 20 до 50 милиони евра од Буџетот којшто ќе ги насочиме кон малите и средни домашни фирми ќе влијаеме на создавање на подобри работни места коишто ќе исплаќаат и поквалитетни и подобри плати за граѓаните на Република Македонија. Над 500.000 граѓани во оваа држава живеат под границата на сиромаштија. За да го решиме тој проблем мора да отвараме можности за нови работни места, но работни места коишто ќе нудат шанси за достоинствен живот. Тоа ќе го направиме по декември, веднаш по промената на оваа себична и неодговорна власт“- рече Шеќеринска.

Таа истакна дека сѐ поголем број на млади засекогаш ја напуштаат државата, а оние кои остануваат мака мачат да врзат крај со крај.  Голем дел од граѓаните живеат во сиромаштија.

Додава дека со враќање на 15% од вкупно платениот ДДВ ќе се подобри квалитетот за живот за граѓаните.

Слично

Поврзани вести