Економија, финансии, бизнис

Контакт

Минималецот се зголемува на 18.000 денари

Минималецот се зголемува на 18.000 денари

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва на прес - конференција изјави дека минималецот се зголемува на 18.000 денари. 

Со мерката се опфатени околу 80 илјади вработени. Maртовската минимална плата треба да изнесува 18.000 денари.  Соодносот меѓу минималната плата и просечната плата не треба да биде помал од  57 отсто. Државата ќе се вклучи со одредени субвенции. 

Вели дека е постигнат договор на задоволство на сите засегнати страни. Ковачевски додаде дека во време на финаниска несигурност остануваат посветени и ќе работат во интерес на граѓаните. 

Дарко Димовски од Сојузот на синдикати на Македонија изјави дека добивката денес не е само зголемувањето на минималната плата, туку и зголемувањето на сите други плати. Димовски рече дека денес сите се победници. 

Слично

Поврзани вести