Минибус се превртел во гостиварско, повредени 14 лица
Повредени се 10 деца и 4 возрасни патници откако минибус „Форд турнео“, излетал од патот денеска во 12.40 часот, во близина на гостиварското село Падалиште.
Од СВР Тетово соопштуваат дека 10 годишно девојче во кома е пренесено на скопските клиники, а една повозрасна жена имала скршеници. Во гостиварската општа болница другите повредени се пренсени и се вршат потребните лекарски прегледи, по што ќе бидат задржани или пуштени на домашно лекување.
Возилото го управувал од 47-годишниот К.М. од Падалишта. Возилото од засега непознати причини излетало од коловозот и се превртело на покрив. При тоа вкупно 14 лица задобиле различни видови телесни повреди.
Слично
