Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мини торнадо во Ваљево, невреме во Шабац

Мини торнадо во Ваљево, невреме во Шабац

Јако невреме со појава на ситен град, околу 15.30 часот, го зафати Ваљево и поедини села. Невреме имало и во Шабац.

Дејствуваа стрелците на Противградниот центар и исфрлија околу стотина ракети.

За сега нема информации за штетите од град. Меѓутоа, вистински мини торнадо ги зафати Ваљевските села Котесица и Гола Глава. Јак олуен ветар оштетил неколку покриви на куќи.

Во Ваљево после разбивањето на облаците, градските улици биле поплавени, а на некои од нив, сообраќајот бил во застој. Колубара и нејзините притоки засега не се заканува од излевање.

Шабац - Нешто после 16 часот јак ветар пропратен со дожд срушил топола кај железничкиот мост во градот.

Дрвото оштетилo дел од кровот на капелата Света Петка, а поголема штета спречила бетонската конструкција, јавуваат српски медиуми.

Разбиени се гредите, плочки и е оштетен дел од оградата. Работниците на градско зеленило брзо реагирале, го исекле и  поместиле дрвото. Ветерот оштетил и неколку млади садници во центарот на градот.

Слично

Поврзани вести