Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИНИ ГАРСОНИЕРА ОД 10 КВАДРАТИ: Еве како тоа изгледа

МИНИ ГАРСОНИЕРА ОД 10 КВАДРАТИ: Еве како тоа изгледа

Иако гарсониерата треба да има минимум 26 квадрати површина, сепак во огласите има и мини гарсониери од 15 или 10 квадрати. 

Во некои од нив нема бања, туку до неа се стигнува преку заеднички ходник. Сега во српските огласи има десетина такви гарсониери, од кои една се наоѓа во населбата Дорчол и чини 42.000 евра. Наведено е дека во 10 квадрати има кујна, бања и соба. Блиску до оваа, се продава и друга гарсониера од 14 квадрати за  38.500 евра. Понудена на продажба е и гарсониера која нема дневна светлина, а наместо прозорци на ѕидовите имало две слики како имитација, кои водно се светли како лампи. Во населбата Врачар има и гарсониера од 11 квадрати која чини 43.000 евра. Се наведува дека е поволна за издавање, деловен простор или за козметички салон, пишува еуроњус.рс.

Во Борча може да се најде и гарсониера од 14 квадрати за 24.000 евра. Дури има и гарсониера од 11 квадрати која чини 72.000 евра, односно 6.545 евра за квадрат. 

Слично

Поврзани вести