Минхен, Келн, Рим-Каде летаат најчесто со авион Македонците?
Се поголем број граѓани се одлучуваат да патуваат со авиосообраќај летајќи до одредени дестинации.
Авионот за кратко време стана доста користено превозно сретство за многумина, а за тоа сведочат податоците кои покажуваат раст на превезени патници.
Дестинации каде Македонците најчесто патуваат со авион се Минхен, Келн, Рим, Гетеборг, Љубљана и Франкфурт покажаа денешните податоци на Министерството за транспорт и врски.
Преку двата македонски аеродроми во првите седум месеци од годинава, летале над милион патници.
Бројките бележат раст од 22, 5 % или 1 008 435 патници превезени од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.
Скопскиот аеродром е користен почесто. Од таму во првите седум месеци годинава летале вкупно 933 130 патници, додека од Охридскиот „Св.Апостол Павле“ заклучно со јули 2016 година, превезени се 75 305 патници.
За надлежните растот на бројот на патници е добар момент од општествен и од економски аспект.
