Економија, финансии, бизнис

Контакт

Минчо Јорданов одврза ќесе: „Бетон“ и „Факом“ со најголеми дивиденди по акција!

Минчо Јорданов одврза ќесе: „Бетон“ и „Факом“ со најголеми дивиденди по акција!
Досега 23 акции се дивидендни што е една петина од котираните акции на нашата берза. Приносите од дивиденди се движат од 1,3 отсто до 31 отсто. Годинава ги згазија каматите на заштедите. Но ќе го видат ли тоа штедачите и ќе сфатат ли дека можат да станат инвеститори? Акциите на компаниите носат дивидендни приноси кои се движат од 4 отсто па до фантастични 31 отсто нето. Оваа година приносите на акциите ги згазија каматите на депозитите и на орочените штедни влогови кои во најдобар случај не можат да стигнат ниту до 6 отсто на годишно ниво. Дали овие факти ќе ги свртат погледите на македонските инвеститори и можеби ќе убедат некои од нив дека е поисплатливо да се вложува во акции отколку парите да се чуваат во банка. Меѓу најдобитните компании се две скопски фирми во кои акции поседуваат фирми што се поврзуваат со познатиот скопски бизнисмен Минчо Јорданов. Тоа се „Бетон“ и „Факом“ фирми кои имаат највисоки дивидендни приноси, покажува споредбата на сите компании кои досега официјално објавија дека ќе делат дивиденди, покажуваат податоците од Македонската берза за хартии од вредност. „Факом“ е убедлив шампион меѓу сите компании со нето дивиденден принос од 31,1 отсто (дивиденда во однос на последна пазарна цена постигната на берзата). „Бетон“ објави дека ќе дели нето дивиденда во износ од 1.116 денари што претставува 15,5 отсто принос во споредба со последна пазарна цена на таа акција. Пред акцијата на „Бетон“ според приносот се единствено осигурителната компанија „Осигурување Македонија“ со нето дивиденден принос од 19,8 отсто и светиниколската компанија за градежни материјали „БИМ“ со принос од 17,7 отсто на вложени пари во акции. Погледнете ги приносите и споредете ги со каматите на заштедите кои ги нудат нашите деловни банки. dividendi Р.Ф.
Слично

Поврзани вести