Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мина донесена од поплавите експлодира во Брчко

Мина донесена од поплавите експлодира во Брчко

Мина донесена од поплавата, експлодира денеска на подрачјето на босанскиот Дистрикт Брчко. Во инцидентот никој не е повреден.

Центарот за отстранување на мини во Босна и Херцеговина предупреди дека надојдените реки поместувале мински полиња поради што се можни експлозии. Центарот ги предупреди граѓаните со импровизирани ознаки да ги обележат минираните места, да не ги допираат мините и да ги известат надлежните органи.

Од мини најзагрозени се подрачјата на Босанска Посавина, Тузланскиот кантон, подрачјата на Добој, Маглај, и Олово и Унско-санскиот кантон, кои беа најмногу зафатени од поплавите.

- Заедно со посебниот тим на белгиската воена академија, во текот на денот беспилотното летало ќе го сними подрачјето на Маглај и Добој за да го утврди поместувањето на минските полиња, како последица на поплавите и свлечиштата, соопшти Центарот за отстранување на мини

Слично

Поврзани вести