Милошоски со вперен прст кон СДСМ за неисполнување на договорот
СДСМ бега од договор за да не оди на избори. Вака Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозициската СДСМ по денешната билатерална средба со европскиот претседавач Внахауте.
Милошоски директно го впери прстот во опозициската партија обвинувајќи ја за опструкција на договорот .
Тој децидно тврди дека целта на СДСМ била да продолжи политичката криза и да се изгуби препораката од ЕК.
Милошоски побара од опозициската партија конструктивен однос за постигнување на договор и еднаш засекогаш да заврши оваа криза која веќе одреден период ја тресе земјава.
„СДСМ да покаже конструктивно однесување да го имплементираме договорот за сите претодно точки и да ставиме крај на исцрпувачките политички преговори со што ќе ја продолжиме работата за добро на земјава“, истакна Милошоски.
Тој упати порака кон најголемата опозициска партија да не бега од изборниот датум и да поработи на нискиот рејтинг кој го има кај народот.
