Милошоски од Битола: Тие што сакаа да не разделат, тие не сплотија!
Антонио Милошоски имаше збор од Битола каде владеачката партија го одржува Народниот собир во спортската сала Младост.
„Ова што ни се случува во моментов тука, овој народ , поддршка праќа една порака, тие што сакаат да не разделат, тие не сплотија, ВМРО-ДПМНЕ е обединета партија.
„45 дена , двоецот Заев и Шекеринска се обидуваат да ја дестабилизираат државата, да испратат омраза, сакаат да посеат нестабилност, да создадат раздор но не им успеава да го постигнат тоа со вакви деструктивни мерки , уште 145 дена нема да им успее да не одвратат од нашата земја да работиме со желба за нашата програма за подобра Македонија“, порача Милошоски .
Тие се во групата политичари кои сметаат дека „Народот е во право дури и кога греши“, ние сме во другите политичари, оние кои се со „народот и знаат дека никогаш не греши“.
„Тие прават се да го поправат нивниот пораз на изборите но не поправаат ништо во нивната партија. Разликата е во нивниот и нашиот начин на работа. Целта на ВМРО е да донесе што повеќе странски инвестиции, а целта на СДСМ е да донесат странски разузнавачи во Македонија.
Целта на ВМРО е да се слуша гласот на народот за реалните потреби и барања, а Заев наместо да го слуша гласот на наородот го прислушува дури и по штетта на стабилноста на институциите.
Тој нека ги прислушува нашите гласови ама ние ќе го слушаме гласот на народот, гласот на народот победува секогаш против оној кој го прислушува.
Заев и Шекеринска решиле власта да ја добијат преку штета на државата, ги губат изборите оти не знаат да состават програма“, истакна Милошоски Оод Битола .
Им порача на СДСМ доколку сакаат да ја поправат штетата која ја направиле досега со ова деструктивно однесување, ако сакаат да направат нешто добро за Макеоднија да се вратат во собранието.
