Милошоски: Не треба да има црвени линии, ќе има компромис ако се покаже волја
Потпретседателот на Собранието, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски за преговорите меѓу партиите рече дека има можност за компромис ако се покаже политичка војла.
Додава дека прашањата не се толку сериозни и дека не треба да има црвени линии, односно дека не треба да доминира егоизмот.
Треба да постои политичка волја за да се надминат спорните прашања и да се излезе од политичката криза. Секој датум кој ќе го посочи СДСМ како датум кога се исполнети условите за спроведување на фер и кредибилни избори за ВМРО-ДПМНЕ ќе биде прифатлив.
Изабел Дингисан, заменик-спикер на Парламентот на Кралството Шведска, која е во посета на Република Македонија, изјави дека нема одреден став околу прашањето на надминувањето на политичката криза во Македонија, но дека како членка на Европската Унија ги охрабруваат политичарите да ја надминат што е можно поскоро.
