Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија со туристички претензии кон Грција

Македонија со туристички претензии кон Грција

Туристичка окупација на Грција-да, територијални претензии кон јужниот сосед-не! Вака пратеникот Антонио Милошоски му одговорил на грчкиот претставник од делегација на Комисијата за цивилна димензија на безбедноста во Парламентарно собрание на НАТО, која денеска ја посети Македонија и се сретна со македонски пратеници, јави МИА.

Грчкиот претставник го интересирало дали Македонија има територијални претензии кон Грција.

„Одговорив да, имаме сезонски аспирации од јуни до август кога над 300 илјади туристи одат на одмор и ги окупираат плажите на егејското приморје. Тоа е одговор на такви констатации кои ги сметаме за несериозни, досегашното искуство од 23 години од независноста на државата ни покажува дека меѓу двете земји има добри односи без ниту еден територијален или граничен инцидент“, изјави Милошоски.

На средбата македонските пратеници го поздравиле интензивирањето на преговорите за името, и го повториле ставот дека македонските граѓани ќе одлучуваат на референдум за предлогот.

Слично

Поврзани вести