Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милошевиќ можел да го спаси Косово под еден услов

Милошевиќ можел да го спаси Косово под еден услов

Поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ можел да го спаси Косово ако прифател воена база. 

Поранешниот генерал Момир Стојановиќ за „Република.рс“ раскажува за  една средба кон крајот на деведесеттите години, при што поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрај му нудела Србија да ја задржи власта на Косово, но под еден услов кој му бил доставен и писмено. Барањето било САД да изградат воена база на Косово, но за тоа Милошевиќ не сакал да слушне и го искинал листот со понудата. По бомбаридрањето на Србија во 1999 година и повлекувањето на српската војска се изгради една од најголемите бази на Балканот на Косово-Бондстил.

Актуелниот српски претседател Александар Вучиќ стравува дека Грција може да го признае Косово. Лидерите на двете опозициски партии на Косово, Демократската партија на Косово и Демократскиот сојуз на Косово, Енвер Хоџај и Лумир Абдиџику, повикаа на поголемо учество на САД во дијалогот меѓу Косово и Србија.

Слично

Поврзани вести