Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милосавлевска Наумовска: Амбицијата на А1 е да обезбедиме дигитална ера со најдобро мрежно поврзување

Милосавлевска Наумовска: Амбицијата на А1 е да обезбедиме дигитална ера со најдобро мрежно поврзување

Неодамна Агенцијата за електронски комуникации го објави Извештајот за состојбата на квалитетот на јавни електронски комуникациски услуги обезбедени преку јавни електронски комуникациски мрежи со што мрежата на А1 доби потврда за компанија која обезбедува најбрз мобилен интернет и тоа на територијата на целата земја. За работењето и плановите на А1 од аспект на мрежата, нејзиното усовршување и идни планови, разговаравме со Маја Милосавлевска Наумовска, директорка на одделот за техника во А1 Македонија.

Неодамна А1 Македонија го доби признанието за компанија која обезбедува најбрз мобилен интернет и тоа на територијата на целата земја. Дали може повеќе да не воведете во значењето на мерењето што го спроведува Агенцијата за електронски комуникации и кои се параметрите што беа земени во предвид?

Резултатите од мерењето на квалитет на мрежите што Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) го спроведе на територијата на земјата е една голема потврда за посветеноста и напорната работа на техничкиот тим на А1 Македонија во насока на модернизација и оптимизација на мобилната мрежа со цел обезбедување на супериорна услуга за нашите корисници.

Со ова, мрежата на А1 доби своевидно признание за квалитет и потврда за изборот на корисниците, но ја покажува и определбата на компанијата за обезбедување премиум корисничко искуство. Особено ме прави горда просечната брзина на интернет услугата од 97Мbps која е за два пати повисока од поставените стандарди на АЕК, а во исто време далеку повисока во однос на брзините што се нудат на пазарот. Секако ова е плод на долга и макотрпна работа на оптимизација и зголемување на капацитетот на мрежата од страна на техичкиот тим на А1 Македонија составен од врвни професионалци, којшто продолжува со иста динамика и посветеност и понатаму да работи на обезбедување на најдобри услови за непречена и квалитетна испорака на услугите кон нашите крајни корисници.

Инаку мерењето на АЕК вклучува уште неколку клучни параметри според кои што се мери квалитетот на мрежата како што се достапност на мрежата, број на неуспешни повици, број на прекинати повици,квалитет на говор, време на воспоставување повик. Во сите категории резултатите се далеку над  пропишаните таргети и како една целина ја заокружуваат оваа потврда за квалитетот на мрежата на А1 Македонија.  

Дали А1 Македонија се подготвува токму за мерењето или тоа е континуиран процес на инвестиции за надградба на мрежата?

Постигнување најдобри перформанси во мрежата не е инцидентна активност туку е резултат на константна работа на оптимизација, ширење на мрежата како и нејзина модернизација. Овие активности се секојдневие на техничкиот тим одговорен за развој и одржување на истата. Перформансите на мрежата се под наш постојан надзор за што спроведуваме и интерни регуларни мерења на сите важни квалитативни параметри, но спроведуваме и мерења по потреба, односно при надградба или реализација на нова активност што треба да донесе значајно подобрување. Тоа значи дека најмалку 4 пати во годината правиме самите мерења и ја ревидираме состојбата и показателите за квалитетот на мрежата. Врз основа на тие резултати се адаптираат плановите за развој и оптимизација за следниот квартал. Секако, мерењата на Агенцијата за електронски комуникации сè уште е една значајна контролна точка која се зема во предвид за следните чекори на фокус и вложување во мрежата. 

Дополнително, А1 Македонија веќе има имплементирана и платформа базирана на машинско учење и вештачка интелигенција којашто има за цел да го поддржи и олесни процесот на планирањето, проширувањето, градењето, надградбата и тековното оперативно одржување на мобилната мрежа. “Паметното планирањеи инвестирање” во мрежата преку обработка на податоци на ниво на ќелија и клиент,  и користење машинско учење кое што врз основа на тие податоци дава предвидување за потребата за проширување и оптимизирање на конкретни делови од мрежата, се една голема придобивка во насока на проактивно и навремено фокусирање на делови од мрежата кои се најприоритетни за надградба. Во таа насока имаме многу прецизна слика за да го распределиме буџетот таму каде што е најпотребен.

А1 Македонија е компанија која освен мобилни услуги, во своето портфолио ги има и фиксните услуги. Каква е разликата во технологиите и на што давате поголем приоритет? Што е подобро за корисниците?

А1 Македонија е компанија која обезбедува конвергентни услуги на своите крајни корисници, а тоа значи дека приоритетот е подеднакво ставен и на двете мрежи- фиксната  и мобилната. Секако технолошки, фиксната и мобилната мрежа се разликуваат и бараат различен пристап и во обезбедување на услугите, одржување на мрежата и реакција на пријавени проблеми. Во фиксната мрежа за разлика од мобилната, услугата се испорачува преку кабел којшто мора да се донесе до крајниот корисник, а со тоа бара поголема капиларност што значи и поголема комплексност во испорака на услугата.  Освен инвестициите, значително влијание на квалитетот на мрежата има и начинот на којшто оперираме со неа. Се работи брзо, експедитивно и посветено да не се нарушат сервиситеза нашите корисници.Бидејќи се работи за различни технологии кои што бараат секојдневен фокус, оптимизација, одржување, постојат дедицирани тимови составени од врвни професионалци кои се одговорни и 24/7 работат на подобрувања на двете мрежи, отстранување на дефектите кога тие ке се случат, па дури и пред да се случат. Засебен специјализиран тим работи на поддршка на процесот на инсталирање на фиксните услуги кај крајниот корисник и отстранување на кориснички пречки, додека Мрежниот оперативен центар (NOC) e одговорен за постојано следење на преформансите на мобилната и фиксна мрежа со цел навремена реакција во случај на детекција на некоја пречка преку системите за мониторирање. Дополнително, со развојот на вештачката интелигенција, интензивно се работи на систем за автоматска детекција на потенцијални проблеми кои што би се случиле во иднина со цел проактивна/навремена реакција, пред корисниците да го почувствуваат проблемот. Еден голем доказ дека навистина се движиме во вистинската насока е фактот што Во Македонија корисниците уживаат во привилегијата да имаат сервиси на ниво на 5те најдобри држави во Европа.

   

Дали А1 е подготвена за имплементирање на 5G и кои се придобивките од оваа технологија?

А1 се подготвува за имплементирање на новата 5G технологија од која очекувањата се многу големи бидејќи треба да донесе поголеми брзини дури и во подрачја со големи сообраќајни побарувања и мобилност, поголем капацитет и нови можности за конфигурирање IoT системи/услуги со можност за специфични конфигурации за потребите на различни индустрии како и поголема латентност за индустрии со потреба од брз и прецизен интернет особено важно за работа од далечина, за забава и Gaming.

Нашата амбиција е да обезбедиме Македонија да влезе во дигиталната ера со најдоброто поврзување поддржано од нашата идна 5G мрежа. Во таа насока техничкиот тим напорно работи и континуирано учи со цел да ги дочекаме сите предизвици кои ни ги носи со себе брзиот развој на дигитализацијата. Паралелно со тоа, во исчекување на објава на аукција на соодветниот 5G фреквенциски опсег од страна на Агенцијата за електронски комуникации, се изготвуваат плановите за имплементација и реализација.

Како директорка на одделот за техника во А1 имате одговорност за голема дивизија вработени од различни профили. Голем дел од нив се на терен и во време на пандемија. Како успеавте да се организирате и како успевате да ги сервисирате корисниците?

И покрај технолошката еволуција, процесите на автоматизацијата и роботизацијата, сепак  најзначајниот фактор за обезбедување на континуитет во работењето се самите вработени. Кризата ни покажа и не потсети колку ни се значајни човечките ресурси односно нашите вработени и затоа и ние како компанија го ставаме на прво место нивното здравје преку обезбедување на заштитна опрема и креирање интерни протоколи кои се однесуваат на заштита на нивното здравје и зголемена безбедност. Брзата и навремена реорганизација на процесите и навременото делување овозможија без застој да ги сервисираме корисниците и да им овозможиме постојана поврзаност особено во време на кризата кога тоа им беше најпотребно. Само за илустрација, од почетокот на кризата до денес, интернет сообраќајот е зголемен за 60%, додека говорниот сообраќај за 25%. Ваквиот пораст на сообраќајот бараше брза реакција и итни проширувања на капацитетите на голем број мрежни елементи и клучни системи за што реализиравме  повеќе од 600 помали и поголеми надградби и проширувања во мрежата. 

Оперативните технички тимови функционираа во специјален режим на работа, својствен и предвиден според воспоставениот систем за справување со кризи, кој сам по себе, освен различен начин на организација и спремност за реакција, бара и континуиран процес на секојдневно следење на перформансите на мрежата и брза реакција во случај да се појави потреба за таква интервенција.


Слично

Поврзани вести