Мило Ѓукановиќ сепак смета дека е можно да има војна во БиХ
Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ сепак смета дека е можно да има војна во БиХ.
Вели дека Ннционализмите кои доведоа до војната во раните 90-ти години не беа закопани со Дејтонскиот договор, а националистите продолжија да ги негуваат истите идеи како во тие години, користејќи ги слабостите на меѓународната заедница.
„Национализмот, како и во 1990-тите, го еродира регионот и имаме на сила сериозна провокација на мирот. Опасно е што Европската унија и НАТО оставија една соба во својата куќа (Западен Балкан) на другите“, изјави Ѓукановиќ за Сити телевизија.
Тој кажа дека се пропуштени 26 години од Дејтонскиот договор за да се обезбедат предуслови за функционална Босна и Херцеговина.
„Деструктивната политика на Русија се прошири на Западен Балкан и ја сврте својата деструктивна острица кон Европа. Таа води војна против европското единство, додека западните партнери се занимаваа со својата беда“, нагласи Ѓукановиќ.
Тој оцени дека Русија има две бази на Западен Балкан – Србија и Република Српска, каде преку медиумите и финансиите се обидува да го „затруе медиумскиот простор и да го задуши секој слободен глас“.
