Милка Смилевска, новинар „Ал Џезеира, Балкан“: Слободата на говорот е гарантирано право!
Новинарите генерално со негодување го прифаќаат обидот на обвинителството да сугерира дека сите идни снмики поврзани со акцијата ПУЧ не смеат да се објавуваат. Сепак, спротивставени ставови имаат двете новинарски здруженија ЗНМ и МАН. Во денешниот преглед, за Фактор, дел од македонските новинари ги споделуваат своите видувања.
Милка Смилевска, новинар „Ал Џезеира, Балкан“: Слободата на говорот е гарантирано право!
“Зошто постојат медиуми во Македонија, ако неможат да објавуваат информации кои јавноста треба да ги знае? Функцијата на новинарите е да информираат, да ги пренесат ставовите на сите страни во случајот, а заклучокот кој е или не е во право ќе си го донесат граѓаните. Неприфатливо е обвинителот да им забранува на медиумите да ги пренесуваат информации или снимки кои покажуваат како функционира Македонија. Тие секако ќе стигнат до јавноста, како што сите ја видоа снимката од кабинетот на премиерот, која прво се појави на каналот на You Tube.
Колку и да се поразувачки за граѓаните информациите кои ги има опозицијата, како што се шпекулира, никој нема право да забранува тие податоци или факти, да излезе на виделина. Медиумите не постојат за да ги пренесуваат само ставовите на власта за нивните политики, како што монизинството новинари е принудено да го прави, туку да се да информираат и за другата страна на владеењето со земјата. Слободата на говорот е гарантирано право и обврска на нас новинарите е да не одстапиме од него во овој момент, сметам дека тоа е во интерес на Македонија. Крај на разговорот.
Слично
