Милионски профит: Колку заработи ЕЛЕМ од продажба на струја
Безмалку 30 милиони евра добивка остварила државната компанија за произвдство на електрична енергија ЕЛЕМ во 2018 година, соопштија од компанијата. Таа година, велат оттаму, е најуспешната финансиска година од постоењето на компанијата, а добивката ја оствариле од продажбите на вишоците на струја, која била за 5 отсто повисока од регулираната цена. Во 2018 година само од оваа намена компанијата инкасирала над 21 милион евра. Продала вкупно 353.320 MWh енергија, по просечна од 59,58 €/MWh.
„Иако заради изведените ремонти на сите капацитети зголемени се трошоците за резервни делови и материјали и услугите за одржување, сепак остварени се значителни заштедите по други позиции, како што се трошоците за мазут, трошоците за суровини и материјали, останати расходи од работењето итн. Во изминатата година постигнато е намалување на трошоците за ископ на јаглен и јаловина, како и на трошоците за ангажирање надворешна механизација, од 38 милиони евра во 2015-та на 6 милиони евра во 2018-та година. Во тој поглед, определбата на ЕЛЕМ за во иднина е да набави сопствена механизација со која ќе се изврши уште поголема заштеда во овие трошоци, стои во соопштението од ЕЛЕМ.
Додаваат дека имаатголеми заштеди и во потрошувачката на мазут во РЕК Битола во однос на претходните години, како во вкупните количини, така и во специфичната потрошувачка на мазут по произведен КWh електрична енергија, па така намалувањето на трошоците за мазут се движи од 17.800.000 евра во 2015 година на 4.000.000 евра во 2018 година
„По континуираниот пад
на производството во последната декада, се бележи благ пораст на производството
во 2018година, кој во 2019 е планирано да биде поголем и вкупното производство да
изнесува 4.400 GWh, односно 10 проценти повеќе од 2017 година, соопштуваат од ЕЛЕМ.
