Милионски преземања на компании за достава на храна: Каков профит оствари скопската „Кликни јади“ лани?
За фантастични 70 отсто се зголемила добивката на „Клинки јади“ во пандемиската 2020 година, покажуваат официјалните податоци. Оваа скопска компанија за достава на храна од рестораните до домовите на граѓаните стана доста популарна по прогласувањето на пандемијата и затворањето на угостителските објекти. Зголемениот обем на работа ги зголеми приходите за дури 68 проценти, минатата година споредено со 2019 година. Овој бизнис и во светски рамки станува се поатрактивен и доходовен, особено сега по прогласувањето на пандемијата и затворањето на угосителексите објекти. Шпанската компанија за достава на храна „Глово“ објави дека ќе ја преземе компанијата „Донеси“ од Србија и уште неколку регионални брендови за дури 170 милиони евра.
Од доставата на зготвената храна во другите скопски ресторани вкупните приходи на „Клинки јади“ во 2020 година нараснале до 94,5 милиони денари, додека во 2019 година компанијата остварила приходи вредни 56,1 милион денари. Нето добивката од работењето во текот на 2020 година изнесува 4,8 милиони денари, додека годината претходно профитот бил 2,8 милиони денари.
Кликни јади соработува со повеќе од 200 ресторани, а од јули лани најавија дека ќе почнат со достава и во Охрид.
Инаку Глово соопшти дека го презема „Донеси“ во Србија, ЦРна гора и Босна и Херцеговинаа како што изјави генералниот менаџер на компанијата Виктор Ракарио- двете компании уште кратко ќе бидат засебни ентитети додека не заврши миграцијата на податоците. Глово има компанија и во Романија.
А.Т.
