МИЛИОНИ ЗАГРОЗЕНИ: Хакиран еден од најголемите Интернет пребарувачи!
Сите кои како главен интернет пребарувач ја користат „Opera“ би требало веднаш да ги заменат своите лозинки со помош на кои се логираат на „Opera“ пребарувачот и неговите „Cloud“ сервиси.
Дошло до пробивање на безбедносниот систем на „Opera Cloud“ сервисот и компанијата соопштила дека ќе бидат заменети лозинките на сите корисници. Не чекајте мејл во инбокс да ви стигне од „Opera“, туку направете ја промената уште сега.
„Opera“ на својот блог посебно истакна две работи:
-Лозинките се заштитени со енкрипција, па податоците на корисниците не се загорзени, но секако сите ќе бидат ресетирани.
-Со безбедносното пробивање загрозени се околу 1.7 милиони корисници.
Слично
