Милиони луѓе немаат храна, четири земји во критична состојба
Светот има милиони гладни луѓе кои живеат во различни земји.
Нигерија, Сомалија, Јужен Судан и Јемен се соочуваат со невиден недостиг од храна.
Една третина од 70-те милиони гладни луѓе живеат во четири земји, и тоа Јемен, Нигерија, Јужен Судан и Малави.
Помош во храна им е потребна на 70 милиони луѓе ширум светот, објави вчера американската хуманитарна агенција Мрежа за рано алармирање на гладта (FEWS NET).
Луѓе во 45 земји во светот не се во состојба самите да се прехранат, и тоа поради војните, сушите и економската нестабилност.
„Комбинацијата од димензии, тежина и географска раширеност на предвидените потреби од итна помош во храната за 2017 година е незабележана во последните неколку децении“- соопшти споменатата агенција.
Поради судирите отежнато е доставувањето на хуманитарна помош во првите три земји. Малави е погодено од тешка суша. На североистокот од Нигерија, гладот се појави по седумгодишниот бунт на екстремната исламистичка рупа Боко Харам.
Тешкотиите на Рогот од Африка и на југот од овој континент го предизвикуваат и Ел Нињо, топлотното нарушување на Пацификот, и Ла Ниња, феноменот кој го карактеризираат многу ниски температури во екваторијалниот тихи Океан, наведуваат од FEWS NET.
