Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милионер ви дава 10 совети како да се збогатите

Милионер ви дава 10 совети како да се збогатите
Стив Сиболд, милионерот од Џорџија и авторот на книгата ,,Како мислат богатите" ви дава десет совети за подобар финансиски живот. 1. Во економијата на слободниот пазар секој може да прави пари колку сака. 2. Вашето потекло, највисок степен на образование или IQ немаат никакво значење кога станува збор за правење пари. 3. Најбрзиот начин да заработите пари е откако решите некој проблем. Колку поголем е проблемот, толку повеќе пари ќе заработите. 4. Не ги слушајте негативно настроените луѓе кој ви велат дека животот е тежок и треба да се задоволите со она што го имате и да сте благодарни. 5. Очекувајте да заработите повеќе пари. За таа цел треба да мислите за суми како 100 000, 500 000, а зошто не и милион? 6. Ослободете се од стравот и започнете да ги гледате парите како средство за обезбедување на добри нешта: слобода, можност и изобилство. 7. Да се ​​биде богат не е привилегија. Да се ​​биде богат е право. Ако креирате огромна вредност за другите, имате право да бидете богат колку што сакате. 8. Не чекај да помине твојот брод. Нема да бидете откриени, спасени или да се збогатите од некоја надворешна сила. Ако сакате многу пари, изградете си сопствен брод. Никој нема да дојде да ве спаси. 9. Престанете да се грижите дека ќе ви снема пари и концентрирајте се на тоа како да направите уште пари. Да се ​​грижите постојано за пари не е добар начин на живот. Наместо тоа сонувајте за пари. 10. Престанете да си повторувате дека збогатувањето е надвор од вашата контрола. Вистината е дека правењето пари зависи од вас.
Слично

Поврзани вести