Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милион евра дивиденда за акционерите на ОИЛКО за две години!

Милион евра дивиденда за акционерите на ОИЛКО за две години!
Една третина од парите се вратиле во „Макпетрол“, над 160.000 евра добил Андреја Јосифовски, претседателот на УО на „Макпетрол“, а остaнатите околу 500.000 евра ги поделиле другите 63 акционери – домашни физички лица Транспортната компанија ОИЛКО исплати 66,5 милиони денари (околу 1,08 милиони евра) дивиденда на своите акционери лани и годинава од добивката остварена во 2013 и во 2014 година, покажуваат официјалните податоци од паричниот тек на транспортната компанија во која најголеми акционери се „Макпетрол“ и неговиот претседател  на Управен одбор, Андреја Јосифовски. Од официјалните податоци се гледа дека годинава ОИЛКО исплати 36,38 милиони денари дивиденда на неговите акционери за добивката остварена лани, а во 2014 година исплатил 30,11 милиони дивиденда за успешното работење во 2013 година. Нешто повеќе од една третина од овие пари се исплатени на „Макпетрол“ кој е најголем акционер во ОИЛКО и поседува 35,6 отсто од акциите со право на глас. Над 160.000 евра за истиот период добил Андреја Јосифовски, претседателот на Управниот одбор кој поседува 14,94 отсто од акциите во транспортната компанија. Останатите пари, околу половина милион евра, ги поделиле 63 физички лица акционери во ОИЛКО и едно правно лице, според податоците за акционерската структура од Централниот депозитар за хартии од вредност.   МН: ОИЛКО за шест месеци е во добивка од 23,3 милиони денари Транспортната компанија во првото полугодие годинава значајно го подобрила своето работење во однос на минатата година. Вкупните приходи од продажба на фирмата се зголемени за 16 отсто до износ од 191,5 милиони денари, а во нив најголемо учество имаат приходите од домашен пазар. Тие изнесуваат 189,5 милиони денари и се за 18 отсто односно 28,4 милиони денари повисоки од приходите во истиот период лани. Овие показатели би можеле да укажуваат на тенденција на раст на нарачките за превоз на деривати. Ако е така, а се знае дека „Макпетрол“ е најголем нарачател на услугите тогаш би требало да се очекува дека може да растат приходите од продажба и на „Макпетрол“. Но за тоа ќе почекаме „Макпетрол“ да ги објави финансиските извештаи за ова полугодие. Доколку пак тие покажат дека паѓаат приходите од продажба на домашен пазар тогаш ќе се отвори дилемата зошто растат приходите на ОИЛКО во услови кога паѓа прометот на неговиот најголем нарачател „Макпетрол“? Но да почекаме и да видиме. Втората помалку веројатна можност е дека ОИЛКО испорачал многу зголемен обем на услуги на други клиенти, но тоа малку веројатно со оглед на фактот дека „Лукооил“ најголемиот конкурент на „Макпетрол“ има сопствен возен парк за превоз на деривати до неговите бензински пумпи. Р.Ф,
Слично

Поврзани вести