Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милијарди евра помош од фондот на ЕК за скапата струја во Шпанија и Португалија

Милијарди евра помош од фондот на ЕК за скапата струја во Шпанија и Португалија

Европската комисија им одобри 8,4 милијарди евра на Шпанија и Португалија како државна помош за потрошувачите погодени од скокот на цената на електричната енергија.

Едногодишна програма вклучува 6,3 милијарди евра за Шпанија и 2,1 милијарди евра за Португалија. Средствата треба да го олеснат плаќањето на трошоците за гориво на производителите на електрична енергија.

Програмата ги заобиколува правилата на заедничкиот пазар на ЕУ поради сѐ посериозните нарушувања со кои се соочуваат шпанската и португалската економија, а некои шпански енергетски компании го критикуваа планот, велејќи дека тоа ќе го наруши пазарот.


Слично

Поврзани вести