Милијардерот Сорос предупредува: Лош потег на директорот на ЕЦБ!
Познатиот милијардер и инвеститор Џорџ Сорос предупредил дека агресивната поттикнувачка политика која ја покрена ЕЦБ ќе ја зголеми нееднаквоста во ЕУ.
Европската централна банка вчера се обврза дека ќе вбризга најмалку 1,1 билион евра во ослабената економија во еврозоната, што според оценките на Сорос, би можело да има сериозни политички последици, пренесува британскиот јавен сервис.
Американскиот бизнис магнат, со потекло од Унгарија, исто така порачал дека прекумерното потпирање на монетраната политика допринесува до богатење на сопствениците на недвижности и истворемено не го олабавува притисокот на смалување на плати, но дека ваквата мерка на ЕЦБ би требало да го подигне економскиот раст во Европската унија.
„Методата на ЕЦБ позната како квантитативно олабавување содржи многу моќен пакет на мерки кои наголемо ги промашија очекувањата на пазарот“, наведува Сорос и предупредува дека квантитативното олабавување ќе ја зголеми нееднаквоста помеѓу богатите и сирмашните во Европа.
На прашањето дали најновата рунда на QE (квантитаивното олабавување) ќе влијае на одложувањето на економските реформи во поедини европски земји, Сорос оценува дека ако постои економски раст, тоа може да им олесни на земјите, како Франција, помеѓу нивниот финансиски систем.
Покрај тоа, ги повика европските земји да трошат повеќе на финансирање на инфраструктурните проекти, како што е градење на енергетските гасови, електромрежа и патишта.
Сорос на светската јавност и стана познат пред повеќе од години кога неговиот „Сорос менаџерски фонд“ на 16 септември стави влог од околу милијарда долари на обложувалница, обложувајќи се дека централната банка на Англија мора да ја девалвира британската фунта.
