Милијардерот Мишковиќ од затвор директорувал со „Делта холдингс“
Сопственикот на ,,Делта холдингс”, Мирослав Мишковиќ, директорувал со својата фирма за време на седуммесечниот притвор од Централниот затвор во Србија. Cрпскиот милијардер држел компаниски колегиуми, односно редовно комуницирал со својот менаџмент, пишуваат српските медиуми.
Иако, според законите, имаше право да го посетуваат само семејството и адвокатот, Мишковиќ, на лично барање, добил од судот дозвола да одржува состаноци со бордот на директори еднаш неделно. Сето ова на изненадување го потврди и извршниот потпретседател на бордот на директори на ,,Делта холдингс”, Дејан Јеремиќ.
-Се разбира дека имавме контакт со него цело време. Секоја недела менаџментот на компанијата имше можност да помине некое време во разговор со претседателот Мишковиќ - објасни Јеремиќ.
Слично
