Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милијардерот Бафет дециден: Криптоманијата лошо ќе заврши

Милијардерот Бафет дециден: Криптоманијата лошо ќе заврши

Американскиот милијардер и инвеститор Ворен Бафет изјави дека никогаш нема да инвестира во криптовалути.

„Можам да тврдам со сигурност дека дигиталните валути ќе завршат лошо“, рекол Бафет во интервју за СиЕнБиСи.

Неговиот коментар доаѓа само ден откако директорот на банката „ЈП Морган Чејс“ Џејми Дајмон изразил каење поради тоа што биткоинот го нарече измама.

Биткоинот го разбранува светот на инвеститорите, бидејќи во еден момент надмина дури 19 000 долари.

Биткоинот денес е во пад од три отсто и со него се тргува по цена од 13.981,53 долари.

Слично

Поврзани вести