Милијардерите во текот на пандемијата станаа побогати
Милијардерите во текот на пандемијата станаа „потешки“ за 4.000 милијарди долари.
Извештај на Институтот за политички студии (ИПС) покажува дека богатството на 20-те најбогати милијардери во светот за една година се зголемило за 742 милијарди долари. Богатството на сите милијардери во светот, меѓутоа, за време на пандемијата на коронавирусот скокнало за 4.000 милијарди долари. Извештајот објавен на порталот Бизнис инсајдер, покажува дека од 18 март 2020 година до 18 март 2021 година, богатството на 2.365 милијардери се зголемило за 54 проценти, односно за 4.000 милијарди долари, пренесува агенцијата Анадолија.
Во извештајот се наведува дека 20-те најбогати милијардери се побогати за 742 милијарди долари, што е зголемување за 68 проценти.
