Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЛИЈАРДЕРИТЕ НАТРУПАА БОГАТСТВО ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА: Гутереш упати остро барање до владите во светот

МИЛИЈАРДЕРИТЕ НАТРУПАА БОГАТСТВО ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА: Гутереш упати остро барање до владите во светот

Генералниот секретар на ООН ги повика светските влади да оданочуваат лица кои се збогатија за време на корона вирусот.

Имено, Антониот Гутереш излезе со остро барање до владите во светот порачувајќи дека поради додатното збогатување на милијардерите за време на пандемијата треба да се размисли за „солидарно“ оданочување на поедицни.

Целта, на ова барање, како што посочува Гутереш е да се намали екстремната нееднаквост во светот.

- Мораме да се осигураме дека парите се насочени таму каде што се најпотребни. Најновите откритија ни сигнализираат дека богатството на најбогатите луѓе во светот е зголемено за 5 трилиони долари во изминатата година - рече Гутереш на сесијата на ООН за финансирање на развојот.

Тој повтори дека групата од 20 најбогати земји во светот треба да го продолжи мораториумот за сервисирање на долгови до 2022 година и да го прошири со цел да им помогне и на земјите во развој и на оние со средно развиена економија да се опорават од пандемијата.

„Не смееме да бидеме задоволни со олеснување на отплатата на долгот, но мора итно да ја зајакнеме архитектурата на меѓународното задолжување со цел да ги запреме смртоносните циклуси на должнички обврски, глобалната должничка криза и изгубените децении“, нагласи генералниот секретар на ООН.

Тој го повтори својот повик вакцините kovid-19 да бидат достапни за сите земји и да се обезбедат дополнителни пари за финансирање на фондот за дистрибуција на вакцините COVAX.

- Инсистирањето на еднаквост во глобалниот одговор на пандемијата и закрепнувањето е тест за мултилатерализам, на кој во моментов немаме преодна оценка. Само 10 земји во светот имаат околу 75% вакцини - истакна првиот човек на ООН.

Слично

Поврзани вести