Милијардерите наследуваат рекордно ниво на богатство
Милијардерите префрлиле 298 милијарди долари на своите наследници во годината до април. Според банката UBS, ова е највисоко од почетокот на мерењето на оваа статистика во 2015 година, пишува Bonitet.com.
Во истиот период, дури 91 лице станале милијардери со наследување богатство, се додава во извештајот.
Новиот извештај покажува забрзување на глобалниот трансфер на богатство. UBS предвидува дека децата на милијардерите ќе наследат најмалку 5,9 трилиони долари во следните 15 години.
Истражувањето се базира на анкета на некои од супербогатите клиенти на банката UBS и база на податоци што го следи богатството на милијардерите на 47 пазари во сите светски региони.
Се очекува голем генерациски трансфер на богатство пред сè во САД, по што следат Индија, Франција, Германија и Швајцарија.
Милијардерите, особено помладата генерација, имаат тенденција да мигрираат, а нивните преселби би можеле да ја преобликуваат глобалната мапа на богатство, објавува Ројтерс.
UBS предупредува дека забрзаниот трансфер на богатство би можел да има пошироки последици за економиите, пазарите на недвижности и инвестициските текови.
